Контрола на возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на земјава спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата санкционирани се 38 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, а 13 возила биле упатени на вонреден технички преглед. Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови, велат од полицијата.

Коментари

коментар(и)