Околу 80 проценти од вкупниот број потрошувачи изнесува наплатата на сметките за потрошена вода на годишно ниво во Куманово.
Надлежните од ЈП „Водовод“ апелираат до приватните и правните лица редовно да ги плаќаат сметките за да може претпријатието непречено да функционира.
-Наплатата во овој период се уште не бележи зголемување, тоа го очекуваме во наредниот период (август, септември, октомври) додека да пристигнат првите високи сметки за потрошена електрична енергија, така и кај нас оди наплатата, во летните месеци е поголема. Би апелирал корисниците да не го акумулираат својот долг, да ги плаќаат сметките на време затоа што со тоа ни овозможуваат и на нас, понормално функционирање во ситуацијата во каква што сме, која што е пропратена со постојано зголемување на минимална плата, постојано зголемување на основни трошоци кои што мора да ги имаме за редовно сервисирање и поправање на дефекти на водоводна, канализациона мрежа, тука е и најголемиот трошок што го имаме за нормално функционирање на пречистителната станица, изјави Оливер Стојмановски, в.д.директор на ЈП „Водовод“