„Потпишувањето на Меморандум за соработка со општина Чајетина ќе значи воспоставување на нови релации помеѓу двете општини во областа на туризмот, спортот, младите и слично “, истакна секретарот на општина Куманово Емилија Сларидис – Јаневска, по свечената седница одржана по повод денот на град Чајетина, на која присуствуваа претставници на локалната самоуправа и на училиштето „Карпош“ од Куманово.
И основното училиште „Карпош“ од село Умин Дол ќе соработува со основното училиште „Димитрије Туцовиќ“ од Чајетина врз основа на потпишан Меморандум за соработка и збратимување.
„Училиштето „Карпош“ првпат во своето речиси стогодишно постоење се збратимува со училиште надвор од Македонија“, изјави директорот Мирослав Димевски.
Иницијаторот на соработката помеѓу Куманово и Чајетина, Република Србија е кумановецот Марјан Стошевски.