Ќе се реконструираат два објекта на градинката „Ангел Шајче“. Според директорката Ивана Николиќ, станува збор за првоизградениот клон кај гимназијата и објектот кај зелен пазар.
„Во тек е изработка на плановите за реконструкција во соработка со јавното претпријаетие „Куманово-план““, соопшти директорката, додавајќи дека се изработува и проектна докумнатација за изградба на потпорни ѕидови кај градинката во населбата Гоце Делчев.
Директорката Николиќ вели дека ќе се залага градинката „Ангел Шајче“ да добие поголем број на простории во поранешниот пионерски дом, но и да ги искористат постоечките маркици за градба на постојните објекти. Во однос на инклузијата, се планира отворање на сетилни соби во два објекта за децата со атипичен развој. За дополнителен број на центри за ран детски развој, нема интерес од родителите, додаваат надлежните.
„Капацитетот на установата изнесува 1.550 деца, запишани се 1.820, но бидејќи дневната присутност на децата е најмногу до 1.200, тоа значи дека не се надминува предвидениот капацитет“, посочува Николиќ.
На листата на чекање има вкупно 144 деца.
