„Мој ДДВ“ ќе се исплати до крајот на месецов

До крајот на овој месец граѓаните што скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ ќе го добијат повратот на данокот на своите трансакциски сметки.

Според Министерството за финансии станува збор за сумата што ја акумулирале од скенирање на сметките во периодот јули-септември, а се исплаќа 60 дена по завршувањето на кварталот.