Промоција на книга од архитектот Олгица Димитријевска

„Куманово у срце, Куманово у душу – поносна кумановка“ е првата книга од Олгица Димитријевска, дипломиран инженер архитект во пензија, што ќе биде промовирана вечерва во Занаетчискиот дом, со почеток во 18 часот.

Станува збор за поема за Куманово напишана на кумановски дијалект.

Промотори на книгата ќе бидат актерите Мишо Димитријевски и Кети Дончевска Илиќ.