Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на сите граѓани од православна вероисповед им го честитаа големиот христијански празник Христосовото воскресение -Велигден, а на работниците Меѓународниот ден на трудот – Први мај.
„Негувајќи ги демохристијанските вредности членовите на ВМРО-ДПМНЕ со задоволство ја подржуваат и продолжуваат вековната православна традиција празнувањето на Велигден, кој претставува неприкосновен духовен и национален белег. Престојниот празник уште еднаш ќе не потсети дека тој свет белег на овие простори грижливо чуван од МПЦ е всушност залог за животот, победа на опстојувањето и надеж дека личните и заеднички голготи и распетија имаат крај, – изјави Драган Петковски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово
Петковски истакна дека во изминатиот период граѓаните биле изложени на големи предизвици,тешкотии и меѓусебните несогласувања, кои што во иднина треба да бидат сменети со родољубие и меѓусебна љубов.