ВМРО ДПМНЕ ќе иницира изградба на кружен тек

Со симболично блокирање на крстосницата помеѓу булеварите Октомвриска револуција и Трета Македонска ударна бригада, општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово денеска го изрази револтот поради сообраќајниот хаос, за кој како што посочија од партијата директно е одговорна неспособната локална власт.

– Токму оваа крстосница е одберена  бидејќи е синоним за невидено лошо, нестручно изработено и нееефикасно сообраќајно решение кое предизивикува големи материјални штети и трагични последици, изјави Бране Петрушевски, член на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

ВМРО ДПМНЕ го прашува градоначалникот на Куманово колку средства од буџетот се трошат за одржување на хоризонталната и вертикалната сигнализација со оглед на тоа што на улиците нема обележани пешачки премини, а најголем број од семафорите во градот не работат.

-Овие наши прашања ја отсликуваат реалната слика за оваа неспособна и истрошена локална власт која деновиве истура боја по улиците, додека Куманово со децении ги трпи последиците од нивното деструктивно поведение, Изјави Бране Петрушевски, член на ОК ВМРО ДПМНЕ Куманово

Петрушевски најави дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Советот на општина Куманово  – сегашната крстосница во која се спојуваат шест улици да биде заменета со кружен тек со што ќе се овозможи и поврзување на уште две улици кои што сега се отсечени. ВМРО ДПМНЕ се надева дека иницијативата ќе наиде на позитивен прием кај кумановските советници бидејќи ќе се придонесе за разрешување на дел од секојдневните проблеми на граѓаните на Куманово.

Коментари

коментар(и)