Во кумановската болница се лекуваат 94 пациенти заболени од КОВИД-19

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1663 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во Куманово се лекуваат  94 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Потсетуваме дека секогаш треба да имаме во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Коментари

коментар(и)