Пад на бројот на нови случаи изминатата недела

Во текот на изминатата недела (12.04 – 19.04) се бележи благ пад на бројот на новозаболени, но пораст на починати пациенти од коронавирус во Куманово споредбено со неделата претходно.

Вкупно 397 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела. Тоа е значително намалување во однос на неделата претходно кога биле регистрирани вкупно 484 нови случаи.

Благ раст бележи бројот на починати лица. Во изминатата недела битката со вирусот ја загубија 18 лица, а во претходниот седумдневен пресек имало 16 починати лица.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 6.518 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

Вкупно 282 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 8.053 случаи позитивни на коронавирусот со што нашиот град е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје.

Коментари

коментар(и)