Во кумановско вчера дури 11 пожари

Територијалната противпожарна единица Куманово вчера регистрирала 11 пожари на опожарена сува трева, стрништа, трска. Станува збор за пожари во неколку села од северозападниот дел на градот, и дел од Липково. Од оваа установа информираат дека првата екипа заминала претпладне, а последната екипа се вратила на полноќ. Во гасењето на пожарите учествувале речиси сите дежурни екипи со шест противпожарни и едно теренско возило. Неколку пожари се повторувале во атарот на селата Табановце, Речица, Лојане и Ваксинце.Пожари имало во Никуштак, Стари лозја, Табановце, Речица, во близина на Детоил, кај Ваксинце во близина на Макпетрол резервоари, во Речица во близина на автопатот Куманово-Табановце кај Еко Петрол, Лојане, повторно пожар имало атар во селата Табановце и Ваксинце и пак кај Речица во близина на железничката станица. Сите пожари се ликвидирани. Не може да се утврди причината за настанување, но мора да потенцирам дека вчера ниту температурите не беа многу високи, ниту пак имаше силен ветар-велат од противпожарната единица Куманово.

 

 

Коментари

коментар(и)