Во Србија уапсен Драган Даравелски

Во Србија вчера во 14 часот е уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, по кого беше распишана потерница од македонските власти.

Министерството за внатрешни работи потврди дека е уапсен Даравелски и посочи дека тече постапката за негова екстрадиција.

Тој е осуден со правосилна судска пресуда дека додека беше директор на Царинската управа ја злупотребил службената положба и сторил финасики малверзации со кои оштетил буџетот.

Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград, но во меѓувреме стана државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија.

Коментари

коментар(и)