Надлежните расправаа за заштита на шумите

Претставници на „Македонски шуми“,  граничната полиција, СВР Куманово, шумската полиција, противпожарната единица и општините од регионот, денеска во просториите на Шумско стопанство, одржаа состанок на кој ги договараа подготвителните активности за спречување на појавата на пожари и други елементарни непогоди во текот годината. Тие расправаа за активностите коишто треба да се преземат, за да се заштити шумското богатство.

-Се подготвуваме, планираме на кој начин можеме да имаме успех во работата за 2016 година, да немаме повеќе оштетени богатства на државата.  Секој ќе ја земе своја одговорност и ние редовно ќе бидеме во контакт со сите погранични полиции, соработката ќе биде на ниво како 2015 година, и веќе резултатите покажаа дека бевме добри тоа се гледа од финансиите-нагласи Ваит Саити, раководител на подрачната единица на ЈП „Македонски Шуми“.

Помошник-раководителот од Секторот за заштита на шуми, Горан Стојковски истакна дека кумановската подружница регистрира намалување на бесправна сеча, што е резултат на формираните шумочуварски реони.

-Минатата година во Куманово немаше голем број на пожари, но имаше неколку  кои нанесоа голема штета. Еден од таквите е во реонот над Слупчане, боровата шума беше зафатена во август. Нашите сознанија, анализи кажуваат дека пожарите преку 95 проценти се од антропоген фактор. Тука може да се дискутира намерни и ненамерни, но факт е дека природните причинители се во доста мал број-изјави Стојковски.

Тој посочи дека на ниво на државата во 2015-та, за разлика од претходните години бележат намалување на шумски пожари.

 

 

Коментари

коментар(и)