Гимназијалци ја изведоа претставата „Рибарски караници“

Учениците од гимназијата Гоце Делчев синоќа во Народниот театар ја изведоа претставата Рибарски караници,  под менторска палка на професорката Соња Тодоровска. Претставата е напишана според текстот на Карло Голдини, а е во режија на Сара Илиќ. Тодоровска истакна дека учениците ги исполниле нејзините очекувања.

-Тоа е познат текст ние сакавме на свој начин да го преработиме и прикажеме пред кумановската публика. Се надевам дека им се допадна, реакциите на публиката се одлични јас сум задоволна, учениците добро ја извршија својата работа. Посебно сум горда со овие училишни претстави што дел од учениците ја почувствуваа магијата на театарот и го бираат театарот како идна нивна професија-изјави таа.

Својот актерски талент пред кумановци го покажаа Никола Петковиќ, Ана Ивановска, Сара Србиноска, Тереза Лазарев, Меланија Герасимовска, Ивана Давчевска, Илија Јовановски, Дарко Ангеловски, Иван Тодоровски, Денис Петровски, Никола Трајковиќ, Катерина Ивановска, Ангела Јакимовска, Исидора Стојчевска, Мариела Златановска и Бисера Мишевска.

-Супер сме задоволни се исплатеше трудот кој го вложивме во оваа претсатва. Секој ден пред часови, после часови, интензивна работа но сепак производот беше одличен-изјавија учениците.

Кумановци вечарва имаат можност да го проследат репризното издание на претставата „Рибарски караници“.

 

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)