Голем интерес за субвенции во земјоделството

Околу 700 земјоделци од Куманово аплицирале за субвенции во подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Согласно програмата за финансиска поддршка за земјоделството право на аплицирање до 30-ти јуни имаат земјоделците кои се занимаваат со растително производство односно со полјоделство, градинарство, лозарство, овоштарство и производство на сертифициран семенски и саден материјал како и земјоделците кои се занимаваат со сточарство.  Земјоделците и покрај тоа што имаат можност да ги пополнат обрасците на барањата за добивање на субвенциите по електронски пат од дома, сепак најголем број од кумановци тоа го прават во подрачните единици на министерството за земојделство, каде што веќе има воспоставен електронски систем за аплицирање.

Во последните години драстично е зголемена финансиската поддршка во земјоделството и руралниот развој. Од 20 милиони евра колку што изнесуваа субвенциите во 2006- та, во 2016 –та година субвенциите изнесуваат над 140 милиони евра. Тоа придонесе се поголем број на земјоделци да го прошируваат производството, а оние кои не се занимавале , почнале да се занимаваат со земјоделска дејност.

Коментари

коментар(и)