Горан Стојковски – Диро, независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово денеска на прес-конференција ги повика граѓаните на втори ноември да направат избор помеѓу човек што се знае и човек што сака да работи и да учи.
„Време е граѓаните на Куманово да бидат бренд“, порача Стојковски.
Дали очекувањата за поголема излезност во вториот круг ги зголемуваат и очекувањата за успех, успеа ли со својата визија за нов почеток да допре до младите, кој ќе ја поддржи програмата „Ред за Куманово“ на втори ноември?
На овие и други теми вечерва во емисијата „СТАВ“ разговараме со Стојковски.