Гори нискостеблеста шума во липковско

Голем пожар од вчера беснее во с.Пресница на подрачјето на Општина Липково. Според информацијата на Регионалниот центар за управување си кризи (РЦУК) гори 50 хектари нискостеблеста шума.

Пожарот е пријавен во Шумско стопанство, Територијалната противпожарна единица и Дирекцијта за заштита и спасување. Според РЦУК, од страна на Шумско стопанство вчера попладне во 17 часот добиле информација дека пожарот е активен и дека се опожарени околу 50 хектари шума, но поради непристапниот терен нема да го гаснат. Истовремено го известиле регионалниот центар дека движењето на пожарот е кон горниот дел на планината каде уште има снег и се надеваат дека пожарот навреме ќе се изгасне. Според надлежните од Македонски шуми, подружница Куманово пожарот почнал да се шири вчера во пладневните часови, потенцирајќи дека  е зафатена површина на тешко пристапен терен.

Екипи на територијалната противпожарна единица и денеска беа во Липковско на зафатеното подрачје.

Коментари

коментар(и)