Давкова е кандидат за правда и правдина, патриотизам

„Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова е кандидат за право и правдината, патриотизам, соживот, почитување на различностите, без разлика на етничката и верска припадност. Кандидат за достигнување на највисоките европски критериуми преку принципот на критичност. Кандидат кој обединува и сплотува и кој верува во моралните вредности“, истакна на денешната конференција, Игор Божиновски, член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

-Кумановци се наоѓаме во најкритичниот период од поновата историја. Во животот сите сме биле исправени пред мигови кои ги одредувале нашите достигнувања како држава. Во такви мигови треба да се носат правилни одлуки кои се резултат на вербата во вредностите. Втора шанса да си ја спасиме Македонија, можеби ќе немаме. Затоа време е за мудри одлуки, да го дадеме одговорот за сите неправди, притисоци, лаги за сите изневерени очекувања, за сите национални предавства. Доаѓа денот и не кој било, 21-ви април е денот кога Македонија го возвраќа ударот-истакна тој.

Божиновски нагласи дека изминатиов период тимовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум Македонија и Куманово, посетиле многу граѓани, а огромно мнозинство , биле загрижени за правецот во кој се движи на чело со оваа Власт, Република Македонија.

– Заев и СДСМ ветуваа живот, а донесоа пекол. Ветуваа правда и мир, а донесоа неправда. Донесоа криминал, корупција и непотизам. Донесоа неправда за секој од вас, за пензионерот, земјоделецот, студентот, бизнисменот, лекарот, вработениот во приватниот и јавниот сектор. Не само што излажаа и ниту едно ветување не остварија и не релизираа Заев и неговата врхушка заборавија на жицата македонска во која се колнеа, и го променија вековното име. Се откажаа од идентитетот, го променија Уставот и ги распродадоа националните и државните интереси. Заев и СДСМ периодов ви го нудеа нивниот владин, партиски претседателски кандидат  кој го избраа во скап, луксузен хотел без демократска процедура а згора на се зад Стево Пендаровски застанаа цела плеада на политичари од мрачната транзиција. Ви го нудеа како надпартиски лик, а заборавија да ви кажат дека Стево е во безбедносните структури уште во 90-тите години. Дека десната рака на Бранко Црвенковски влегува и излегува од политиката, како што самиот рече како што сака-посочи Божиновски.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетија дека Пендаровски ги загуби претседателските избори во 2014-та година, а во 2016-та беше носител на нивната листа. Нагласија дека тој е идентичен со владата, политиките и размислувањата на Заев и затоа носи одговорност за ваквата катастрофална состојба во општеството и државата. Повикаа народот сложно и обединето да излезе в недела и да го заокружи бројот 2,  за професорката Давкова.

Коментари

коментар(и)