Деветмина повредени во сообраќајна несреќа

Седумгодишно девојче со тешки телесни повреди е префрлено на клиниката Карил во Скопје, малолетно момче со телесни повреди е задржано во кумановската болница и седум други лица со полесни повреди на кои им била укажана помош, а потоа се пуштени на домашно лекување е билансот од синоќешната сообраќајна несреќа што се случи во Куманово кај спортската сала. Сообраќајката настанала  на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Григор Прличев “ при судир на два автомобила,шкода и сеат ибица. Како што соопштува кумановската полиција, шкодата“ ја управувал 20 годишниот М.Л кој се движел од центарот кон периферијата,а „сеат ибица“ ја управувал  Н.Р.  (1998) кој се движел во спротивна насока. Во моментот кога автомобилот „сеат“ свртувал кон „Григор Прличев“,а „шкодата се движела право, дошло до судир на двата автомобили по што шкодата продолжила да се движи право и удрила во паркиран „пасат“ и во двајца малолетни пешаци родени 2009-та  и 2011 –та кои се движеле на тротоарот. Седумгодишното девојче се здобило со фрактура на череп, кое што по укажаната помош во Куманово е префрлено во Скопје и е надвор од животна опасност. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово

-Еден пациент е на иследување кај нас на одделот, моментално пациентот во Куманово е во стабилна состојба без знаци за мозочни повреди со знаци дека и тој за брзо време ќе биде пуштен дома, изјави д-р Стефан  Трајановски, хирург во Општа болница -Куманово

Над возачите било извршено алкотестирање при што кај возачот на шкодата било утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,02 промили.

Полицијата  презема мерки за утврдување на причините поради кои се случила сообраќајната несреќа.  Улиците вчеравечер беа затворени за сообраќај во периодот од 21 часот до еден часот по полноќ. Инаку, кај граѓаните постои мислење дека токму крстосницата во близина на спортската сала треба да биде регулирана со семафори .

Коментари

коментар(и)