Демократска сила на Ромите го одбележа 8-ми април

Ромите во Македонија максимално ги уживаат граѓанските, политичките и индивидуалните човекови права и слободи, но се уште не се целосно интегрирани во општеството. Ова беше истакнато на свечената манифестација која се одржа денеска во Центарот за култура Трајко Прокопиев, по повод 8-ми април, Светскиот ден на Ромите, а ја организираше партијата Демократска сила на Ромите. Пред присутните се обрати претседателот на Демократска сила на Ромите во Македонија, Шабан Салиу кој истакна дека состојбата на ромската заедница во државата е значително подобра, но нагласи дека е потребно уште да се работи на образованието и вработувањето.

-Во Македонија од формален аспект максимално се дадени правата на ромската заедница, со резолуцијата 533 од страна на ОБСЕ, меѓународната заедница од 2003 година е направено да се спроведува декада на Ромите не само во Македонија туку и во останатите држави. За жал постојат отпори дали не е во ред имплементацијата на акционите планови, стратегиите-нагласи тој.

Според Салиу декадата на ромската заедница и стратегијата не ги исполниле предвидените очекувања. Тој нагласи дека во рамки на правниот дел, тие уште во преамбулата од 1991 година се дел од Уставот како рамноправен народ со останатите заедници кои живеат во државата.

-Како и секоја година и оваа општинската организација на Демократски сили на Ромите организира една манифестација по повод овој ден. Оваа традиција ќе ја негуваме, овој ден е многу светол за Ромите во Куманово мислам и пошироко-изјави претседателот на општинска организација на Демократска сила на Ромите во Куманово,  Севџан Сулејмановски.

На манифестацијата присуствуваа политичари, претставници на невладини организации и бројни граѓани.

 

Коментари

коментар(и)