Во организација на здружението „Кумановски акцијаши“ денеска се одржа тренинг процес за едукација на првата генерација млади волонтери кои во текот на обуката ќе бидат запознаени со функционирањето и начинот на организирање на сите меѓународни релевантни фактори , поаѓајќи од УНИЦЕФ, УНЕСКО, ОБСЕ, како и на дипломатските претставништа кои имаат искуство со областа волонтеризмот. На обуката присуствуваа волонтери од од 9 до 17 годишна возраст.
-Сега презентација вршат претставници на Советот на млади при американската амбасада каде што младите волонтери се запознаваат со начинот на организирање и функционирање на амбасадата и сл. Интересно е што интересот за волонтеризмот е голем кај младит и тоа кај најмладите, сега во салата имаме волонтери на возраст од 9 до 17 години , од наша страна останува да им создадеме услови за обука бидејќи тие сега поминуваат тренинг процес кој ќе биде доста долг , но по завршувањето се стекнуваат со звањето млади аниматори волонтери и ќе имаат право да учествуваат на еден од меѓународните волонтерски кампови ширум светот инаку, секоја година ги има околу 720 кампови, изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши “
Иако обуката трае три години, тоа не значи дека волонтерите во тој временски период не можат да бидат дел од некој меѓународен камп , без разлика дали станува збор за хуманитарен, еколошки, едукативен или работен, а може да учествуваат и во разни акции и мисии, посочуваат од „Кумановски акцијаши“ . Ова волонтерско здружение за една недела ќе прослави година од своето формирање.
-Кумановски акцијаши се продолжение на младинското работно ангажирање , за една недела година дена како сме формирани, благодарејќи на советот на општината добивме седиште,како еден од основачите на Сојузот на волонерите акцијаши на РМ кој е формиран на 24 март, изјави Јусуф Љатифи, претседател на „Кумановски акцијаши “
Кумановски акцијаши се со седиште на улицата „11 ноември “ во просториите на месната заедница Бедиње, со работно време од 18 до 20 часот.