Денс студио Виртус врши упис на нови членови

Со цел афирмација на танцот кај децата и зголемување на своето членство Денс студио Виртус врши упис на нови членови. Студиото за само една година има постигнато значителен успех на неколку различни фестивали. Со децата работи тим на дипломирани балетски педагози, меѓу кои Влатко Стефановски  и Ангела Костадиновска.

-Работиме со деца над 4 годишна возраст,  и помали зависно ако има интерес кај децата. Работиме три пати неделно, понеделник, среда и петок во Центарот за култура, во попладневни часови после 18 часот. Што е најважно обрнуваме внимание на правилен развој на децата, развиток на моториката кај децата и најважното да им е забавно на нив. Се фокусираме на модерниот балет со различни техники, децата посетуваат и настава по класичен балет кога имаат плус часови, од оваа година ќе обрнеме внимание и на гимнастиката-истакна Стефановски.

Од студиото потенцираа дека се задоволни од интересот за танцот кај малите, но и од повозрасните групи.

Коментари

коментар(и)