„Музичко караоке шоу“ во Центарот за култура

Во Центарот за култура во сабота ќе одржи аудиција за Музичко караоке шоу за најмладите, а веќе наредната недела и главната манифестација. На настанот можат да учествуваат деца од 11 до 16 години. Повеќе на оваа тема од изјавата на директорот Сашо Тодоровски.

-Минатата година 2018-та, аплициравме до Министерството за култура со проект Детско музичко караоке шоу, со цел да ги поттикнеме младите деца од Куманово, таленти да се пријават и да ги откриеме талентите кои сакаат да пеат и да просперираат. Отворивме конкурс и ги повикуваме сите млади, ставивме рамка од 11 до 16 години, но нема да биде проблем да се пријават и други во сабота е аудицијата во 12 часот во Центарот за култура, ќе има професори кои ќе направат избор на децата а самото натпреварување ќе се одржи во четврток на 12 ти во големата сала. Потребно е да понесат матрица од песната која ќе ја изберат. Се договоривме тоа да биде поп и забавни мелодии, на кој било јазик децата само да понесат матрица ние имаме тука се. Ќе ја пробаат песната ќе ја испеат и ќе учествуваат во натпреварувањето-нагласи Тодоровски.

Коментари

коментар(и)