Димитриевски: Деблокирана Општина Куманово

-Како менаџер на градот горд сум на оваа завршна сметка. Оваа година ние имаме сериозна реализација на буџетот. Имаме даночни приходи реализација – 92 проценти, рекордни во историјата на општината, имаме не даночни приходи рекордни 84 проценти, а во минатото биле 69 отсто. Имаме капитални реализации за првпат во историјата на оваа општина високи 98 проценти на капитални расходи, трансферите и дотациите остануваат на исто ниво и имаме мал пад во делот на донациите во однос на 2018-та година. Сметам дека во 2019-та година работевме квалитетно и тоа се одрази сериозно на сите финансиски апликации во општината.

Општина Куманово минатата недела ја исплати последната рата по однос на блокадите кои што се по однос на судски извршни решенија и повеќе не е блокирана. По шестгодишен период успеавме да ја деблокираме општината. Успеавме да платиме некаде околу 180 милиони денари заостанати долгови по однос на судски извршни решенија. Истото го направивме и во јавните претпријатија, дел од нив и ќе продолжиме со тој тренд, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)