Нашата програма не беше пишувана зад партиските завеси, ниту штабови, туку отворено со сугестии на граѓаните, истакна на денешната прес конференција, кандидатката за градоначалник од коалицијата на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска. Таа воедно на првиот ден, на останатите кандидати им посака успешена кампања.
-Оваа програма ќе биде прогресивна, со реално остварливи мерки, а не со некои шпекулативни проекти и програми. Сметам дека ова е исклучителен излез од црно белиот свет односно програмата ги содржи решенијата кои што се значајни за сите граѓани подеднакво, а не само за некои поединци за нивни лични интереси. Сакаме да креираме, нудиме решенија за град кој ќе биде урбан и развиен а сепак зелен град. Не смееме да заборавиме и на економијата, бизнис секторот, малите и средните претпријатија нашата општина мора да биде социјално одговорна општина која ќе се грижи за сите групи граѓани, маргинализирани-нагласи таа.
Димитровска дополни дека авангардноста и прогресивноста на движењето што го застапува се огледало токму во нејзината кандидатура, како најмлад претставник кој влезе во трката за градоначалник на најголемата општина во земјава.
-За мене посебно лично и значајно го сфаќам тоа што повторно ќе ја вратиме сликата на Куманово како чевларски град. Јас поттекнувам од чевларско семејство за мене ова ќе биде едно исклучително значајно искуство но и проект за кој сигурно ќе се залагам. Чевларската дејност е многу значајна во нашиот град и место постојано да ја унапредуваме не смееме да дозволиме таа полека да изумира-истакна таа.
Нагласи дека ова е исклучително значаен чекор за младите и жените кои се застапени на листите. Ветуваат скејт парк, а приоритет ќе биде и културата и уметноста. Дополни дека предлозите во наредниот период ќе им бидат презентирани на кумановци, кои ги повика да излезат и да гласаат одлучно за промени за број 2.
