Секторот за внатрешни работи соопшти дека на 13.08.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(38) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата 36- годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
СВР информира дека на 12.08.2026 во 20:00 часот во СВР Куманово, С.П.(21) од село Орашац пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.08.2026 во СВР Куманово е пријавено дека околу 16:00 часот во с.Косматац, кумановско, настанал пожар во кој била опожарена сува трева на површина од околу седум хектари, како и пет стари куќи во кои не живее никој, соопшти полицијата. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.