Договор за внатрешно уредување на Спортската сала

Градоначалникот на Куманово и директорот на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа потпишаа договор со кој ќе се реализира проектот за внатрешно уредување на спортската сала.

-Согласно Одлуката на Владата за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2021 и 2022 година, потпишав Договор со директорот, Рамиз Реџепи за реализација на проектот „Внатрешно уредување на спортската сала во Куманово”, информираше на социјалните мрежи, градоначалникот Максим Димитриевски.

Инаку веќе е во тек постапката за замена на кровната конструкција на објектот за чија цел ќе бидат потрошени 320.000 евра, средства обезбедени преку проект на Свероисточниот плански регион (СИПР).

Коментари

коментар(и)