Драмско студио во Центарот за култура

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ ќе започне да функционира драмско студио, под водство на режисерката Драгана Гунин. Надлежните од оваа установа информираат дека сите лица од 13 до 19 години, кои имаат желба за глума, можат да се пријават во нивните простории.

-Видовме дека има голем интерес кај младите во Куманово за глума да се развиваат креативно, решивме со режисерката од Куманово, Драгана Гунин да направиме една група на деца, да формираме драмско студио во Центарот за култура и се надеваме дека ќе има пријавени за да може тоа да профункционира. Планираме понатаму тие деца кога ќе се обучат, станат добри актери, да направиме една претстава, така што очекуваме да биде ова еден успешен и интересен проект и децата да можат да се изразат креативно-истакна директорот Сашо Тодоровски.

Заинтересираните ќе треба да плаќаат одредена сума на месечно ниво.

-Планираме да стане како матична форма со режисерката така е договорено, ги има просториите, децата нека дојдат нека се пријавуваат и мислам дека ќе профункционира во Куманово. Постојано има некои барања зошто не направите некое драмско студио, матична форма, режисерката даде идеа, ние прифативме така што мислам дека ќе биде успешна, ги повикуваме сите дечиња нека се пријават и да го направиме тоа заедно-дополни Тодоровски.

Часовите ќе се одржуваат во просториите на Центарот за култура.

Коментари

коментар(и)