ЕВН донираше апарат за оштетен слух кај новороденчиња

Апарат за рана дијагностика на оштетувања на слухот кај новороденчињата денеска доби Општа болница Куманово, донација од компанијата ЕВН. Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека станува збор за метода која што се изведува во сите развиени земји и помага да се детектираат проблемите со слухот уште во најмала возраст непосредно после раѓањето.

-А сето тоа значи дека раната детекција може да значи и рана интервенција со што се надминуваат и други компликации во развојот на бебињата односно децата, а заради проблеми со слухот кои не се детектираат навремено. Благодарност до компанијата ЕВН и Project  HOPE во Македонија, изјави Венко Филипче , министер за здравство

Донацијата ЕВН ја реализираше со поддршка на интернационалната организација Project  HOPE во Македонија.

-Оваа апаратура недостасуваше во болницата во Куманово како и многу други потребни апарати , но затоа тука постојат останатите претставници од бизнис секторот на кои што ова може да им послужи како пример и да помогнат во вакви цели, изјави Штефан Петер, претседател на Управен одбор на ЕВН Македонија

Директорката на болницата Снежана Захариева потенцираше дека донацијата навистина е во вистински раце бидејќи на годишно ниво во болницата се раѓаат 1.300 бебиња, а се опслужуваат околу 200.000 пациенти од кои што 10 проценти се хоспитализирани. Општата болница е најголема и единствена во Североисточниот регион која што има родилиште, вели Захариева.

-Голема благодарност и до Project  HOPE кои што посветено работат на унапредување на здравјето на новороденчињата во рамки на ПериМак програмата чија што цел е намалување на доеничка смртност и морбидитет . Допрва очекуваме донации, благодарни сме што ваков апарат доаѓа токму во Куманово. Порано дечињата кај кои што е детектирано било какво оштетување на слухот биле упатувани во Скопје. Ние сме прва Општа болница која добива ваков апарат, изјави Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово

Персоналот на одделот за акушерство и неонаталогија во Куманово истовремено со инсталацијата на опремата добија и обука за правилно коритење на апаратот за скрининг на слухот .

Коментари

коментар(и)