Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, утре (23 јануари 2025) ќе го посети Куманово. Оваа активност е дел од серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија. Преку ваквите посети се истакнува важноста на интеграцијата и нејзиниот придонес во развојот на локалните заедници. Амбасадорот Рокас во текот на посетата ќе се сретне со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Шефот на ЕУ-делегацијата ќе разговара и со членовите на Советот на општината. Во рамки на своите активности, амбасадорот ќе има дискусии и со претставници на невладините организации, како и со младите и со граѓаните во „Занаетчиски дом“.
Во текот на посетата, амбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот Максим Димитриевски ќе се обратат на медиумите. Изјавите за медиуми се закажани за 12:15 часот во просториите на „Комитет“, во салата каде што се одржуваат седниците на Советот на општината.