Една година од настаните во Диво насеље

После една година од настаните во кумановско Диво насеље жителите не можат да ги заборават пукотниците кои што утрово на 9 мај ги разбудиле, но тоа не се одразува врз меѓуетничките односи во Куманово. Во населбата Тоде Мендол во која што околу 30 проценти се граѓани од македонска националност,  останатите се Албанци има стабилен соживот. Пораката која што денеска ја испратија е никогаш  повеќе да не се повтори таква акција за разбивање терористичка вооружена група во која што животот го загубија осум припадници на специјалните единици на македонската полиција.

– Народот беше исплашен , но не се промени ништо ние живееме сите заедно и Македонци и Албанци и Срби, нема никаков проблем меѓу нас, можеме да живееме заедно, изјави Миле Петралски, жител на н. „Тоде Мендол “

-Многу се луѓето потресени , не дај боже да се повтори , добро е сега немаме проблеми, јас и сега живеам таму, нема проблеми со соседите, и со Албанци и со Македонци, изјави  – Љупчо Гиевски, жител на н. „Тоде Мендол “

Во организација на група граѓани од  Диво насеље во соборниот храм Свети Никола денеска се одржа панихида во чест на загинатите бранители.

Почитувачите на нивното дело порачаа дека вечно ќе живеат во нивните срца, а одбележувањето на 9 мај ќе стане традиционално.

Инаку, целосно оштетените куќи во вооружената акција минатата година со пари од државата повторно се изградени , а Диво Насеље доби и нова водоводна и канализациона мрежа.

Коментари

коментар(и)