Одделот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со учениците од ООУ „11 Октомври“ вчера реализираше едукативна кампања под мотото: „Не паркирај на тротоар – јас сум пешак“
„Кампањата се спроведе пред просториите на училиштето, каде што беше констатирано дека често се паркираат возила на тротоарите. Поради тоа, учениците се принудени да се движат по коловозот, со што директно се загрозува нивната безбедност, како и безбедноста на сите пешаци. Преку оваа активност, учениците испратија јасна порака до возачите за важноста на почитување на сообраќајните правила и користење на тротоарите исклучиво за пешаци“, велат надлежните.
Отсекот за превенција апелира до сите возачи на совесно и одговорно однесување, со цел обезбедување безбедна средина за учениците и сите учесници во сообраќајот .