Еко- акции во населба „Гоце Делчев“ и кај Соколана

„Заедно сите до чиста средина“  е пораката која што биде испратена денеска од учесниците во еколошките акции во населбата „Гоце Делчев“ и кај Соколана.

Организатор на еко-активностите во „Гоце Делчев“  беше основното училиште „Кочо Рацин“, во соработка со градинката „Ангел Шајче“, ЈП „Чистота и зеленило“, како и здруженијата  „Кумановски акцијаши“ и „ Не биди ѓубре“ . Вработени во училиштето и во објектот „Пчелка“ , ученици, родители, активисти, масовно се вклучија да го исчистат тој дел од градот од смет. Акцијата се реализираше на четири локации : дворот на училиштето, околината на градинката „Пчелка“ и амбулантата, комплексот „Мимоза“ и Трговски центар.

-Веќе подолг временски период се договараме на кој начин и кога да ја изведеме оваа еколошка акција, за жал, ретко ги спроведуваме акциите, но еве се случи, но знак на прашање е што после чистењето, ако проработи совеста на сите нас, вработените граѓаните, околината, учениците пред се ние сме тука да им ја разбудиме совеста, се надеваме дека ќе одржуваме чиста и еколошка средина. Во акцијата денеска се вклучени повеќе организации, во организација на Кочо Рацин, изјави Лидија Пешевска, директор на ООУ „Кочо Рацин“

Иако основната порака на ваквите активности е што поголем број граѓани да се вклучат во еко-акциите, сепак праксата покажува дека месното население останува имуно на повиците од организаторите и невладиниот сектор.

-Основен повод за ваквите акции е да ги поттикнеме граѓаните да почнат конечно да почнат да се грижат за сопствената животна средина затоа што факт е дека Куманово се соочува со еден голем проблем, не само во поглед на зголемена количина на смет, при што морам да кажам дека надлежните си ја вршат својата работа, меѓутоа од тој недостиг на еколошка свест и култура кај нашите сограѓани Куманово се претвора во една граѓанска депонија и центар на не култура при што мораме сите општествени и политички субјекти  да се вклучат во поттикнувањето на свеста, градењето на свеста, изјави Јусуф Љатифи, ЗГ „Кумановски акцијаши“

За значењето на здрава и чиста животна средина децата преку престојот во градинка учат од најмали нозе, вели одговорната воспитувачка во објектот „Пчелка“ , Ленче Алексовска.

– Екологијата е составен дел на нашата работа, еколошкото воспитување  е интегрирано во нашата програма така што имаме теми за екологијата и секојдневни активности, почнувајќи од средување на масичките, на занималните, така и до блиската околина. Децата имаат предзнаења, минатата недела го работевме тоа. Сите знаат дека значењето на зачувувањето на блиската околина е многу важно затоа што ако не е чиста околината тука ќе има проблеми за животните, за растенијата, а тие се нашата храна, наш живот , значи децата од две до шест години континуирано ги запознаваме и работиме за екологија, Ленче Алексовска, одговорен воспитувач во објект „Пчелка “

Покрај оваа акција, паралелно активисти на СДСМ од Куманово, граѓани и вработени во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“  ја чистеа околината на спортскиот комплекс Соколана.

Општинската организација на СДСМ од минатата сабота започна со еколошки акции за расчистување и разубавување на градот, а врз основа на барањата на граѓаните кои што се доставени до надлежните. Изминатиот викенд се чистеше во населбата Гоце Делчев на локацијата кај старата пошта.

Коментари

коментар(и)