Експлозија во зграда на „Октомвриска револуција“

Силна експлозија вечерва по 18 часот ги вознемири жителите на една од зградите на булеварот „Октомвриска револуција“. Во експлозијата нема повредени, само е предизвикана поголема материјална штета. Во зградата 5, прв влез, како и на соседните згради, се искршени речиси сите прозорци.  Уништена е и влезната врата на зградата, собните врати, а во два станови и севкупниот мебел. На лице место беа присутни екипи на СВР Куманово, противпожарната единица и итна помош.

-Нема повредени лица, тие што беа внатре ги евакуиравме. Имаше едно дете, кое во моментот спиело, така што не е во паника, и едно постаро лице. Нема опасност, мирно е, се е локализирано, така што граѓаните не треба да стравуваат-изјави Марјан Гелевски, командир на смена во ТППЕ Куманово.

Истрагата треба да утврди од што е настаната експлозијата.

12887469_458942704315109_371063561_o

12896482_458942710981775_387494914_o

 

 

Коментари

коментар(и)