Куќа на „Моша Пијаде“, закана за граѓаните

Стара, напуштена куќа која се наоѓа на улицата „Моша Пијаде“, во близина на поранешен Забел, се заканува да се урне. Предниот ѕид на објектот попуштил, па цели делови и цигли се наоѓаат на коловозот. Поради нарушената безбедност, градежната инспекција, просторот го обележала со лента, а се поставени и метални скелиња за да привремено го држат кровот. Жителите коишто секојдневно поминуваат, стравуваат дека куќата може да се урне, а воедно да ги повлече и другите домови, и да повреди некого. Нагласија дека ѕидот кој што се урнал, оштетил еден автомобил.

-Kако не се слушаше, како бомба,  само среќа тоа големо парче не падна, само циглите почнаа да паѓаат и автомобилот беше оштетен. Човекот викна полиција, но од осигурителната компанија му рекоа дека не можат да преземат ништо, бидејќи се работи за урната куќа-наведе една кумановка која што живее во близина на куќата.

Жителите бараат надлежните итно да преземат некакви мерки или сопствениците да најдат начин да ја санираат дотраена куќа, или да ја  урнат, пред да предизвика несакани последици.

Од градежната инспекција при општина Куманово истакнаа дека постигнале договор со сопствениците, коишто ветиле дека во најкраток можен рок сами ќе го урнат објектот. Надлежните нагласија дека  додека не се реши проблемот, просторот ќе биде обележан со летна, бидејќи претставува опасност за минувачите и околните куќи.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)