Епидемиолозите превентивно од коронавирусот

Центарот за јавно здравје од Куманово изминатиов период превзема  активности и мерки за превенција од коронавирусот. Едукативни предавања, поделба на информативен материјал, епидемиолошки анкети на патници кои што доаѓаат од загрозеното подрачје на граничните премини Табановце и Деве Баир се дел од активностите на здрвствените работници од центарот за јавно здравје.

„Досега нема сомнителни или можни случаи од заболувањето“ , информира епидемиологот  Јадранка Стаменковска.

 -Ние веќе имавме во неколку наврати активности, да одиме во надзор .  Спрема логаритмите кои се дадени, протоколите од страна на Министерството за здравство направивме епидемиолошка анкета на патници кои што доаѓаат од Кина, без разлика дали се наши вработени кои биле туристи или пак самите патници туристи од Кина. Во неколку наврати, направивме анкети меѓутоа досега нема сомнителни или можни случаи од заболувањето. Поделен е информативно- едукативен материјал на граничните премини, на англиски, албански и на македонски јазик, така што и самата гранична полиција веќе е едуцирана, значи на оние патници кои што доаѓаат од овие земји да им биде поделен информативен материјал. На самиот инфо-материјал се наоѓаат и контакт телефоните на оние лица епидемиолози кои што се во приправност и на кои што во секое време можат да им се обратат, јават и да ги добијат сите дополнителни информации. Сега за сега Центарот за јавно здравје Куманово според логаритмите во случај на сомнителен или можен случај од коронавирус, изјави д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово

Доколку се покажат некои симптоми според логаритмот и протоколот се повикува Итна медицинска помош, по што лицето под комплетна заштитна опрема се носи на Клиниката за инфективни болести  во Скопје, каде што се вршат понатамошни иследувања, објаснува епидемиологот Стаменковска.

-Институтот за јавно здравје Скопје, односно Вирусологија располага со тестови за да може да се испита овој вирус, а потоа на конфирмација одат истите тестови доколку се добие позитивен резултат во Берлин.  Имавме состанок, се среќаваме , секоја среда имаме епител конференција каде што сите заедно епидемиолози ги споделуваме сите информации , така што мислиме дека и на овој предизвик можеме да одговориме, изјави Стаменковска.

Членовите на Здружението на епидемилози одржале и заеднички состанок , а биле организирани и симулациони вежби кои што се однесувале на корона вирусот или т.н ковит – 19.

Во рамките на превентивните активности, на барање на Црвениот крст и припарниците на Армијата се здобиле со одредени информации и  превентивни мерки за ова вирусно заболување.

Инаку, министерството за здравство веќе објави листа на препораки за превенција на граѓаните од коронавирусот.

Се препорачува:да се воведе дополнителна заштита на храната  и при нејзина подготвка, да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари, да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни, задолжително и често миење на раце.

До сега во Македонија нема регистриран случај на заболен од коронавирусот.

Коментари

коментар(и)