Заврши аплицирањето за бесплатна бања

И годинава голем број пензионери од Куманово аплицирале за користење на услугата бањско – климатска рекреација на товар на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.  Услугата може да ја користат корисници на пензија, чиј износ на пензијата за ноември 2018 –та година изнесувал до 17.000 денари. За користење на бањско – климатската рекреација, заинтересираните поднесуваат  барање до филијалите и деловниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Oваа услуга може да ја користат лица – корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија, остварена според прописите на Република Македонија и одредбите од договорите за социјално осигурување кои што Република Македонија ги применува, а кои живеат на територијата на Република Македонија.

Дел од кумановските пензионери веќе ја искористиле  можноста за бесплатна бања и се задоволни од она што им го нудо Фондот на ПИОМ.

Услугата може да се користи еднаш, во периодот од март до ноември 2019-та  година, во траење од 7 дена. Услугата бањско – климатската рекреација опфаќа :  – 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), – бањска терапија, – еден задолжителен здравствен преглед и – трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во која ќе се користи услугата бањско – климатска рекреација (трошоците за превоз ќе бидат дозначени на трансакциската сметка на корисникот на пензија по користење на услугата).

Лицата – корисници на пензија, кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило, имаат право на придружник за време на бањско – климатската рекреација. Услугата бањско – климатска рекреација, се остварува во правни лица, регистрирани за вршење на услуга за бањско – климатско лекување, со кои Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија ќе склучи договор.

Барањата мосе поднесуваа од 16-ти јануари до 15-ти февруари 2019 година. Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, задолжително писмено ќе го известат подносителот на барањето за установата во која ќе биде упатен и периодот на користењето на услугата. Списоците на корисниците на пензија на кои им е одобрено користење на услугата бањско – климатска рекреација, ќе бидат објавени во филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ, како и на веб- страницата на Министерството за труд и социјална политика: www.mtsp.gov.mk и на веб- страницата на Фондот на ПИОМ: www.piom.com.mk.

Коментари

коментар(и)