Заврши асфалтирањето на улиците „146“ и „149“

Заврши асфалтирањето на улиците „146“ и „149“ во населбата Карпош, информираа  надлежните од секторот за комунални дејности.

Претходно, заврши асфалтирањето на десетина улици во населбата, а беше поставен и бекатон на неколку улички, кои како што појаснија од секторот, поради конфигурацијата на теренот не можеа да се асфалтираат.

Поголем дел од улиците во оваа населба не беа асфалтирани, надлежните се надеваат дека ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот.