Затворена ликовна колонија „Куманово 2021”

Во Меморијалниот комплекс Пелинце синоќа се затвори ликовната колонија „Куманово 2021” која што траеше изминатите 7 дена, а се одржува традиционално од 1974 година и е една од најстарите ликовни колонии во државата.

Оваа година учествуваа 10 академски сликари од нашата земја и гости од Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина. Дел од колонијата беа и 5 други учесници кои твореа во домашни услови во нивните ателјеа, со цел запазување на мерките и протоколите за заштита од Ковид -19.

На оваа колонија која е под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Куманово и Министерството за Култура, преку НУ Музеј Куманово, а во реализација на Фондација за култура и спорт Куманово уметниците создадоа 30 уметнички дела во техники масло на платно и акрилна техника, кои беа изложени за посетителите на настанот.

 

 

 

Коментари

коментар(и)