Без снабдување со електрична енергија утре во периодот од 08:30 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „100“ во населбата Карпош, како и улицата „210“, односно кај местото викано „Салон“.
Исто така, утре од 10:00 до 13:00 часот прекини ќе има и кај корисниците од населбата Перо Чичо, поточно м.в. Гладно поле.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.