Зголемен број тестирања за Ковид 19 во ЦЈЗ

Продолжува тестирањето за вирусот ковид 19 во лабораторијата на Центарот за јавно здравје Куманово. Надлежните од таму информираат дека периодов е зголемен бројот на граѓани кои вршат тестови. На дневно ниво се проверуваат над 100 пациенти, кои резултатите ги добиваат за неколку часа.

-Минатата недела во Куманово од 887 прегледани пациенти, 386 беа позитивни. Тестираме над 100 пациенти, околу 40 проценти се позитивни. По „Мој термин“ доаѓаат околу 50 пациенти дневно, имаме и епидемилошки кои доаѓаат, тестираме и пациенти кои лежат во болница, и приватно кои имаат иницијатива да се проверат. Остануваат истите препораки, да се чуваме колку што е можно, да се тестираме за да знаеме дали сме позитивни, да не го пренесуваме вирусот, и мислам дека сето тоа ќе заврши како што треба. Резултатите од тестовите се години за само неколку часа- истакна директорот на ЦЈЗ Куманово, Ариф Љатифи.

 

 

 

Коментари

коментар(и)