Пакетчиња и прибор добија членовите на КУД „Српски вез“

Училишен прибор, ранци, новогодишни пакетчиња добија членовите на културно уметничкото друштво „Српски вез“, по повод празникот „Свети Сава“, од членовите на проектот „Слатки караван“ и манастирот „Хиландар“. Пактчињата им ги додели главниот повереник на манастирот, Милош Стојковиќ.

-Многу ни е драга и значајна секоја поддршка од Република Србија и Република Српска. Имавме можност да ни гостува и претседателката на Република Српска за Свети Сава. Какошто рече претседателот на Србија, Александар Вуќиќ пред некој ден, Србија знае да се почитува себе си, да ги почитува своите луѓе и иднината на своите деца. Тоа е многу важна реченица за сите нас. Овие деца се иднината и темел на сето она што го правиме и како српска заедница, и како Демократска партија на Србите во Македонија и како „Српски вез“, бидејќи само така можеме да опстанеме. Успеавме изминативе години да опстанеме, да го сочуваме името и да соработуваме со нашите браќа Македонци, Албанци, Роми и сите останати, но мора првин да се почитуваме себе си-истакна Далибор Китановиќ, претседател на КУД „Српски вез“, кој се заблагодари за донацијата.

-Денеска сме овде во име на акцијата „Слатки караван“ која заедно веќе низа години ја организираат организацијата Обединета Србија, која е најактивна младинска организација во Србија, најприсутна каде што е најпотребно и манастирот „Хиландар“. Знаете дека манастирот е единствена институција која постои од основањето до денеска и никогаш не е укината. Тој е чувар на српската култура, идентитет, традиција, обичаите-нагласи Милош Стојковиќ, главен повереник на манастирот „Хиландар“.

 

 

 

Коментари

коментар(и)