Илиевски и Спасовски заедно со младите ја славеа победата во прв круг, во втор круг уште поголема победа за Куманово

Оливер Илиевски кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово вчера заедно со потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, како и со локалниот клуб на Социјалдемократската младина на Македонија, во клубот Версус со пригодна забава го прославија водството во првиот круг на локалните избори за градоначалник и убедливата победа за Совет на Општина Куманово.

Листата на советници на СДСМ и коалицијата освоија 10 советници, наспроти 8-те на листата група избирачи. Бројките јасно кажуваат дека СДСМ е убедлив победник и со гласовите за градоначалник, ако се сметаат гласовите на коалиционите партнери СДСМ има над 1000 гласа предност само во првиот круг. СДСМ со својот коалициски потенцијал во вториот круг ќе настапи заедно со ЛДП, ДОМ, ДУИ, АА/А, ДПА, БЕСА, и на 31-ви октомври коалицијата на прогресот и граѓаните на Куманово ќе го изберат Оливер Илиевски за нов градоначалник на Куманово.

Коментари

коментар(и)