Инвестиции во селото Горно Којнаре

Три улици во вкупна должина од петстотини метри во селото Горно Којнаре ќе бидат поплочени со бекатон. На денешниот старт на проектот на МЦМС „ Акции во заедниците“  воедно беше означено и завршувањето на асфалтирањето на главната улица во селото, со средства на општината.

-Денеска започнува вториот проект поплочување на 3 улици од по 160 метри. Изборот на учиците го направи МЦМС. Првиот проект на општината Куманово беше асфалтирањето на главната артерија во селото Горно Којнаре. Патот е во должина од 790 метри, а сретствата ги обезбеди општината – изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Трите споредни улици се избрани на предлог на жителите на Горно Којнаре. .Вкупната инвестиција која ја обезбедува МЦМС, преку Британската амбасада за делот на поставувањето на бекатон плочки изнесува 2 милиони денари, велат од МЦМС.

-Концепцијата беше граѓаните преку групни сесии и дебати,најпрвин да предложат кои им се клучните проблеми  во самата заедница,а потоа низ процес низ анализи и консултации на третата групна сесија да гласаат кој е нивниот клучен приоритет.Беа предложени четири проекти од кои за два проекти граѓаните се изјаснија со еднаков број гласови за двата проекти.Општината излезе во пресрет и го презема финансирањето на главната улица во населеното место, додека МЦМС со свои фондови од Британската амбасада да финансира реализација на околу 480 метри поставување на бекатон плочки по улиците на Горно Којнар-рече Димче Митревски, преставник на МЦМС

Жителите се задоволни од решавањето на инфраструктурните проблеми и сметаат дека со тоа ќе се подобри квалитетот на животот на околу 1000 жители на Горно Којнаре.

 Како што најавија надлежните, поставувањето на бекатон плочки ќе заврши за десетина дена. Инаку, Градоначалникот најави дека во најскоро време ќе започне и проект на општината Куманово и Министерството за земјоделие, за проширување на земјоделски патишта до обработливите површини во должина од 200 метри, како и проектот на ИПА, за поврзување на главниот колектор со колектрот на „Никола Тесла“,со што ќе се создадат услови за  приклучување на канализационата мрежа во Горно Којнаре.

Коментари

коментар(и)