Непристапни гласачки места, недостиг на сликовити прикази за гласање, граничници и шаблони за слепи лица, но и непоставени паравани за гласање за лица со попреченост, регистрирало здружението „Инклузива“.
Од Инклузива реагираат и што по измените на изборниот законик, правото на глас и овој пат не го оствариле лица згрижени во установи за вонсемејна грижа. Можност да го остварат правото добиле само корисниците на домовите за стари лица.

Но велат овој пат радува што политичките партии на советничките листи, најдоа простор и за лицата со попреченост. На листите за советници се нашле седум лица со попреченост, а дури тројца од нив се носители.
Посочија и дека на овие локални избори и страницата на Државната изборна комисија била пристапна за сите граѓани.
