Спортски настани за Денот на градот

Општинскиот сојуз на спортови Куманово традиционално по повод Денот на ослободување на Куманово, 11-ти Ноември, заедно со спортските клубови организира спортски настани.

Во петок, ќе се одржи БАДМИНГТОН турнир, на спортски терен на ООУ Вук Караџиќ. За сабота е закажан турнир во ПИНГ ПОНГ, во салата на гимазијата Гоце Делчев.

Во понеделник ќе се одржи баскет турнир во машка и женска конкуренција на спортскиот терен во средното училиште Наце Буѓони. За вторник е закажан средношколски ФУТСАЛ турнир Пехар на Градоначалник, во спортска сала на средното Перо Наков, а на 10-ти и УЛИЧНА АТЛЕТСКА ТРКА, низ улиците на централно грдаско подрачје.

На 12-ти ноември ќе се одржи и Аикидо СЕМИНАР, во сала на Аикидо клуб Агатсу  а на 14-ти Куп во Спортско РИБОЛОВСТВО, на река Пчиња, како и Рапид турнир во ШАХ.

Коментари

коментар(и)