И НРЦ го одбележа 8 Aприл

Националниот ромски центар заедно со партнерската младинска организација Симбиозис 12  со повеќе активности го одбележува Светскиот ден на Ромите.  Размена на искуствата со младите од Бугарија и Албанија беше само една од активностите што деновиве се организираше во Тирана, каде што младите зборуваа за нивните визии, но и зошто сакаат да излезат од земјава, информира претседателот на Нациолниот ромски центар , Ашмет Елезовски.

-Оваа година е еден повеќегодишен јубилеј, повеќе од 75 години од ромското знаме, од ромската култура, ромскиот јазик и прашањето и улогата на жената Ромка во семејството. Не е точно дека жените Ромки се патријархални, жената Ромска е клуч на сигурна иднина, жените Ромки  се едни од промоторите на јакнењето на развојот на ромското движење во Македонија бидејќи е познато дека токму од нашиот град произлезе првата ромска пратеничка. Она што е за пофалба и одбележување е дека оваа година бидејќи следната година навршуваме 15 години,  одлучивме да доделуваме ние награди за институции и лица кои помогнале НРЦ да стане професионална граѓанска организација која работи на полето на правата, на здравјето на жените, легализацијата во областа на домувањето, како и бесплатната правна помош и развивањето на креативноста на младите без оглед дали се Роми или не со партнерската организација на Симбиозис.

Претставници на НРЦ денеска попладне по повод одбележувањето на светскиот ден на Ромите , ќе се сретнат со премиерот Зоран Заев, со евроамбасадорот  во Македонија, Самуел Жбогар и со францускиот амбасадор во земјава , Кристијан Тимоние.

Коментари

коментар(и)