Клубот „Тумба“ организираше забава за своите спортисти

Пливачкиот и тениски клуб „Тумба“ денеска организираше новогодишна забава за своите спортисти, која се одржа во „The Yard lounge bar“.

Дечињата заедно со своите ментори ги сумираа постигнатите резултати во 2019-та, но и си посакаа успеси за наредната година.

Во тенискиот клуб „Тумба“ членуваат околу 30 деца, додека пливачкиот брои 100 членови.  

Според клубот 2019 година ќе се помни по постигнатите успеси на државни натпревари во пливање, но и во тенис.

Дека клубот навистина бележи одлични резултати, потврдува и фактот што нивните тенисери, Јован Додевски и Алексеј Стојановски освоија второ и трето место на портокаловиот турнир кој се одржа во Скопје.

Клубот деновиве организираше и завршен натпревар во пливање, која се одржа во затворениот градски базен.

Ние им посакуваме уште поголеми успеси во наредната година!

Коментари

коментар(и)