Контролирани 249 возила кои вршат јавен превоз на деца, исклучени од сообраќај 11 возила, утврдени 8 кривични дела

Во периодот од 12 до 15 часот, вчера врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

Притоа биле исконтролирани 249 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 102 локации, при што биле констатирани 8 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација, и 48 прекршоци, од кои 29 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 16 од Законот за возила, 3 од Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Во станица за технички преглед биле упатени 41 возило, а од сообраќај биле исклучени 11 возила кои вршат јавен превоз поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи биле легитимирани 277 полнолетни средношколци, а извршени се 2.211 прегледи кај ученици, во однос на почитување на Законот за оружјето, Законот за правда на детето и Кривичниот законик.

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

Коментари

коментар(и)