Отчетот на градоначалникот во живо на ТВ Плус

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски утре ќе даде отчет за првите 100 дена од својот втор мандат.

Како што информираат од Општина Куманово ќе биде прикажана видео презентација под слоганот „100 дена заедно посветени на Куманово“.

По видео презентацијата ќе следува и обраќање на Димитриевски, по што ќе одговара на новинарски прашања.

Настанот кој ќе започне во 12 часот ќе може да се следи во живо на програмата на ТВ Плус.

Коментари

коментар(и)